Фонтана од која тече црвено вино, кое нуди освежување по долга прошетка, можеби звучи премногу добро за да биде вистина, но во неделата во централна Италија беше отворена токму една таква, а пиењето вино од неа е бесплатно.
Виното кое се произведува локално во Абруцо, тече 24/7 од фонтаната , и ова е прва винска фонтана во светот.
Fontana del vino се наоѓа во Калдари ди Ортона, во Абруцо, на винската рута, Камино ди Сан Томасо.
„Винската фонтана е добредојде, винската фонтана е поезија“, напиша Дора Сарчезе на нејзината фејсбук страна.
Новата фонтана е заеднички проект на винопроизводителите и непрофитна организација која ја промовира винската рута.
Инспирацијата ја добиле од сличните вински фонтани што се инсталирани во близина на шпанската винска рута, Камино де Сантијаго, неколку години порано.
Фонтаната во Ортона не е прва во Италија која нуди вино, но нејзините креатори велат дека е прва во земјата која е фонтана за вино како што треба, затоа што виното од неа ќе биде достапно секој ден.
Некои други фонтани со вино работат само за локални фестивали. Најпозната е онаа во Марино, јужно до Рим, која работи за време на градскиот вински фестивал, кога еден час од неа тече бело вино место вода.
Во 2008 година, дали поради техничка грешка или тоа беше чудо, место во фонтаната, виното беше спроведено до куќите во Марино.
Илјадници намерници и туристи патуваат од Рим во Ортона, за да ја посетат катедралата каде се наоѓаат останките на свети Томас, еден од следбениците на Исус.