Од 20 – 23 октомври, комплексот Македонско Село ќе биде место каде сите љубители на виното и храната ќе имаат можност да уживаат во вкусот на најубавите македонски вина, вкусната храна и звуците на македонската музика во пријатна, топла и традиционална атмосфера.
Во текот на четирите фестивалски денови, гостите на настанот ќе имаат можност да уживаат во голем број на специјалитети, млечни и сувомеснати деликатеси по одлични цени, кои се совршен спој со најубавите македонски вина.
Освен убаво вино и храна, гостите ќе се забавуваат со чалгии, а атмосферата ќе биде збогатена со звучни имиња од македонската сцена. Во сабота уживањето ќе доживее кулминација со настапот во живо на македонската дива, Каролина Гочева.
Дозволете си несекојдневно доживување исполнето со убаво македонско вино и вкусна храна!