Веројатно веќе прочитавте, Италија има бесплатна 24-часовна фонтана за вино. Вино пак, со вкус на „кит-кет“ навистина постои, само во Јапонија, а може да се нарача и преку интернет-продавницата „Амазон“. А во најстариот закон во светот, постоела ставка за виното во која се вели дека лажните продавачи на вино ќе бидат казнети со давење во река.
Еве уште пет занимсливости за виното:
1.Римјаните први почнале да јадат пиејќи вино. Јадењето со вино следувало по периодот кога во секоја чаша вино задолжително ставале парче леб за да го впие вишокот на киселина.
2. Најстарото документирано шише вино потекнува од 325-та година и се наоѓа во музеј во Германија.
3. Не се сите вина подобри со староста. Всушност дури 90 отсто од вината треба да се конзумираат за време на една година од производството, кога се најдобри.
4. Жените се подобри дегустатори на вино. Затоа што дегустацијата на вино има многу повеќе врска со мирисот отколку со вкусот, а жените имаат подобро чувство за мирис од мажите.
5. Енфобија е страв од вино и навистина постои. Ова е реален психололшки проблем. За среќа, ние го немаме.