Врвното розе вино кое најпознатиот холивудски пар го крсти Џоли-Пит, од наредната година ќе има нова етикета и ново име.
Откако 41 годишната Анџелина Џоли во септември побара развод од Бред Пит, славниот пар одлучи да ги продаде сите заеднички недвижности. Меѓу нив е и имотот во Франција на кој се венчаа во 2014 година.
Освен дворецот кој има 35 соби, имотот има и борова шума, 700 хекатари лозови насади, приватно езеро и маслинки. Џоли и Пит за овој имот во 2012 година издвоија 60 милиони долари, но сеуште не е познато по која цена ќе го продадат истиот.
Покрај тоа што го продаваат луксузниот имот кој го носи името Chateau Miraval и се наоѓа во месноста Коран, во југоисточна Франција, Анџелина и Бред од виното розе кое го произведуваат од 2012 година ќе ја отстранат и етикетата со заедничките презимиња.