Винарницата „Каза дела Ермита“ од Шпанија под името „Бодега де аутор“ го стартуваше оригиналниот проект со кој им овозможува на љубителите на вино од целиот свет да поседуваат сопствени лозови насади во рамките на имотот на Каза дела Ермита и да произведуваат вина со сопствена етикета.
Минималниот период на изнајмување на лозје е пет години, а за него се плаќа кирија. Винарницата Каза дела Ермита ќе се грижи за вашите лозја, а вие може и воопшто да не се појавите на лозјето, таа ќе ви го испорача вашето вино дома, со ваша етикета. Но, може и да си го одгледувате сами својето лозје и од сопствениците да научите многу нешта. За овој проект винарницата одвои петтина од својот имот, а бројот на заинтересираните е ограничен на 1.000. Останати се уште стотина места.