Каде се прави најдоброто вино во Русија?

Ви ги претставуваме малите винарски визби кои ги произведуваат едни од најдобрите вина во Русија.
Генадиј Опарин е еден од оние кои во еден момент почна во Русија да увезува вино. Но сега тој има засадено сопствено лозје во варовничка почва и произведува вино во мали серии.

Геннадий Опарин, владелец винодельческой усадьбы «Семигорье», показывает гостям как правильно перемешивать виноград, который поставили на брожение.

Опарин го нарекува своето вино „Гаражно вино“ или „вино од гаража“. Тој бил инспририан од Џак Тенпорт кој пред околу триесет години ја пренаменил својата гаража во винарија и го направил виното кое е во топ пет во светот. Користел само када и евтина преса. Жан Лук Туневин, кој креираше цела колекција на „гаражни вина“, исто така е еден од идолите на Опарин.
Опарин има 50 хектари земјиште. Тој има не само лозја, има и поле, езерце, два ресторани и хотел и тоа е се за љубителите на еко и агро туризмот. На фармата има 20 постојани работници.

1-1
Работниците заработуваат околу 2 евра на час. „Тоа е добра сума“, изјави еден работник, пензионер. Работевме претходно за друг, но дојдовме овде затоа што ни исплаќаат на крајот од денот. Јас имам мала пензија, 200 евра, а имам многу внуци, вели пензионерката Фаина Јахина.

Овде има имот од кој ви застанува умот. На фотографијата можат да се видат гостите од Новоросиск како седат веднаш до езерцето на зелена трева.

Малите винарски визби во Русија се место за вистинските уживатели. Последната година, Леонид Попивич, претседателот на Асоцијацијата на лозари и винари, сфатил дека еден земјоделец треба да има земја не помалку од 100 хектари (колку 15 фудбалски терени) лозови насади за да направи барем некаков профит.

4

Некои земјоделци во Русија се сигурни дека законите треба да се прилагодат на начин да се креираат мали и успешни домашни винарски визби слични на француските замоци. Други сметаат дека во законите треба да се вметнат амандмани кои ќе се однесуваат на рекламирањето.
Јанис Каракеџи, Грк кој произведува вина во селцето Куток. Ова е солидна фарма која произведува околу 15 илјади шишиња секоја година по цена од 100 евра по шише. Интересно е да се напомени дека не постојат ограничувања во цената за производство на вино од мали винарски визби.

Како и секој сопственик и тој е полн со емоции за своето вино. Јанис се колне дека во близина на овој регион не постои ништо слично на неговиот производ. „Ние немаме хербициди, квасец, шеќер или челик. Ние го чуваме виното во дабови буриња. Запаметете бурето е она што го прави виното“.

9
Каракеџи одамна стана речиси култна фигура во експертските кругови. За него пишуваат во стручни списанија со многу пофални зборови. „Зад мала винарска визба стои уникатна индивидуалност и квалитет“! Има добиено златни медали на меѓународни форуми и изложби, додека познавачите на вино се собираат во неговата визба.
Каракеџи не уверува дека работи 20 часа дневно. „Многу енергија, здравје и пари внесов во ова. Јас работам без викенди и едноставно не можам да си замислам како луѓето одат на одмор неколку пати во годината“.

На винодельческой усадьбе «Семигорье».

Малите винарски визби ги чекаат измените во законите. Многу земји како што се Франција, Италија, Шпанија, Грузија (најдобрите вински региони) не бараат посебни дозволи за производство на вино во вака мали винарски визби. Во САД лиценцата за малите винарии се трошоци од 50 до 250 долари.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *