Во прекрасниот период кога во речиси секој дом почнува новогодишната еуфорија и атмосфера, време е за подготовка на најубавите украси!
Веројатно ова е период и кога сакате вкусната храна да ја „зачините“ со некое уште повкусно вино, па така сѐ што треба да направите е да ги зачувате тапите кои ќе ви завршат навистина голема работа.
Токму од нив, оваа година ќе ги направите најубавите и наједноставните украси какви што никој досега не се сетил да направи.
Она што е најдобро од сѐ е што истите нема да ве чинат ништо, а изгледаат навистина впечатливо и уникатно.
Дефинитивно еден од најубавите украси е елката која може да ја направите на некој од вашите ѕидови во домот, но подеднакво прекрасни се ѕвездите во малите корпи, снешковците, фигурите со Дедо Мраз и впрочем сите останати.
Ова е еден од најубавите семејни проекти на кој сме наишле во последно време, а веруваме дека и вие го делите нашето мислење.
Погледнете и инспирирајте се.