Францускиот дизајнер Филип Старк и архитектот Лук Арсен Анри создадоа футуристички вински подрум во Бордо, Франција, што наликува на огромно сечило закопано во земја. Структурата е изградена во вештачко езеро за да полесно да ги поднесе временските прилики во регионот, пишува Dezeen.
Освен подрумот со вино, градбата има и неколку соби за прием и голема тераса на покривот. Имотот наречен Château les Carmes Haut-Brion, каде е сместена градбата, го носи истото име како и црвеното вино што го произведува, а тука се прави и бело вино наречено Le Clos des Carmes.
Од 2010 година тој е во сопственост на бизнисменот Патрис Пишо. Винскиот подрум е на три ката, од коишто едниот е под вода. Долниот кат вклучува визба каде можат да се чуваат 300 дрвени буриња вино, одлично заштитена од неповолни температури и влажност.
Над неа се собите каде виното се складира во големи дрвени, метални и бeтонски контејнери за да одговараат на различните типови на лоза. Катот каде виното може да се дегустира се наоѓа над собите за складирање и води до терасата на покривот.