Овој Велигден, подгответе совршено печено јагнешко залиено со вино

Празничната атмосфера е идеално време за собирање на целото семејство и прославување на Велигден со највкусните јадења и вина од винарската визба Милев „Гоце Делчев – Тиквеш“. Традиционално за Велигден се приготвува печено јагнешко месо, кое го зазема главното место на трпезата.
А кога станува збор за подготовка на печено јагнешко месо, еве го совршениот рецепт:
Состојки:
700 гр јагнешко месо
10 чешниња лук
2 моркови
100 мл црвено вино Фаворит од ВВМ „Гоце Делчев – Тиквеш“
100 мл топла вода
по потреба масло, мелен црн пипер, мешан сув зачин, сол
За премачкување:
сенф по потреба
Подготовка:
Јагнешкото месо исечете го на парчиња или може да користите цела плешка или бут. Засечете го на повеќе места во длабочина во вид на мали џебови и во секоја вдлабнатина ставете чешне лук и парче морков. Премачкајте го месото со поголема количина сенф, наросете го со мелен црн пипер и мешан сув зачин. Вака приготвеното месо ставете го во тава за печење и попрскајте го со масло. Додајте ги преостанатите моркови исечени на покрупни парчиња. Посолете и додајте ги водата и виното. Тавата затворете ја убаво со алуминиумска фолија и ставете ја во загреана рерна на 200 степени. Печете 45 минути, а потоа извадете ја фолијата и превртете го месото. Продолжете со печење уште 15 минути без фолија. Печеното јагнешко месо послужете го со салата или прилог по желба. На здравје!
Со ова јадење Ви го препорачуваме виното Фаворит на ВВМ Милев „Гоце Делчев – Тиквеш“. „Фаворит“ е моќно суво вино со полно тело, гранат до темно гранат во боја, овошно на карактер, на непцето се концентрираат лесни танини со комплексна арома и вкус, прегрнати од шумско овошје, сушени плодови, чоколада, зелена пиперка, кедар и тутун. Позадинска арома на мајчина душичка му дава на ова вино еден минерален тон кој одлично се вклопува во целата структура .
Произведено е од четири сорти на грозје, Каберне Совињон, Каберне Франк, Мерло и Сирах, зреени на надморска височина од 310 до 480 метри на непрегледните плантажи со винова лоза на ВВМ „Гоце Делчев – Тиквеш“.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *