Sauvignon Blanc е исклучително популарна винова лоза единствено одговорна за некои од најпознатите ароматични суви бели вина во светот, како што се Sancerre, Pouilly-Fumé и новиот бран на Совињон Блан и Фуме Блан надвор од Франција. А какви се македонските совињони ќе имате прилика да дознаете со винскиот експерт Звонко Херцег кој ќе ја води дегустацијата закажана за овој четврток, 19.04.2018 со почеток во 17 часот во Бруклински.
На листата на дегустација се следните вина:
Sauvignon Blanc – Winery Kuvin
Single Vineyard – Chateau Kamnik Winery
Elegija – Dalvina Winery
Stardust – Ezimit
Classic – Popova Kula Winery
Цената на дегустација е 500 денари од лице, а резервацијата на Вашето место можете да ја закажете на следните телефони 078 337 843 и 02 6091 844.