Иако според квотите на Министерството за внатрешни работи на Хрватска оваа година се планираат да се ангажираат 500 сезонски работници, сепак и тоа ќе биде малку за да се задоволат потребите за берачи на грозје, особено за Славонија како најголем лозарски крај.
Во Славонија и Барање фалат работници за кроење лозје, така што некои фирми мораа и своите книговодители да ги изнесат на терен за да работат.
„Нема кој да работи на лозовите насади. Се иселуваат и луѓе со навршени 60 години, што е незамисливо“- вели Жолтан Пинкерт за Dnevnik.hr.
И додека едните се иселиле, другите подобро им е да примаат социјална помош, се жалат произведувачите.
Лозаропроизводителите од Барање нудат 17 куни (2.29 евра) по час за берење јаболка или грозје.
Произведувачите велат дека заради многуте давачки, не можат да им парираат на цените кои ги добиваат работниците кои работат на морето или во странство, а поради немањето работници се намалуваат површините и се откажуваат нови инвестиции.