Вината на винарската визба „Тиквеш“ и годинава ги освојуваат најпрестижните награди на најголемите и најзначајните вински саеми, а последните три златни медали доаѓаат од Словенија, односно од меѓународниот вински натпревар со најдолга традиција во регионот – „Вино Љубљана“.
„Барово“ црвено 2015-та, „Александрија Куве“ црвено 2016-та и „Т’га за Југ“ 2016-та се вината кои ги импресионираа 40-те дегустатори од 22 земји, кои без премногу двоумење му ги доделија златните одличја на вината од кавадаречката винарија.