Италијанците ја имаат Тоскана, шпанците се горди на Риоха, французите со чаша вино наздравуваат од долината на Лоара, а македонците, особено оние кои гравитираат во нејзиното јадро се восхитуваат на природните убавини на Сува Гора.
Патот до живописниот предел во кој лозовите насади се само совршениот декор на природата која во ниту еден момент се штедела, но и „немирното дете“ кое ја бои околината во секој период од годината води низ две живописни села, села со исконска традиција, каде што вино и ракија се пие онолку време колку што се и стари џоломарските обреди. Да, зборуваме за Ресава и Бегниште, две села на само десетина километри од Кавадарци, во кои грозјето и виното се вградени во секој дел од животот, па дури и во старите куќи кои се правени токму со вино од грозје кое овде расте во изобилие.
Денес, Сува Гора е дел од винарската визба Милев „Гоце Делчев – Тиквеш“, а според многумина од вработените, овој дел има посебно место во срцето и на првиот човек на компанијата, господинот Ристо Милев. Во нашето последно интервју со господинот Милев, за Сува Гора ќе рече дека е специфичен реон, со специфична површина и специфична експозиција. Овде Милев носел голем број на луѓе, свои пријатели, бизнис партнери и исклучителни познавачи на виното, кои независно дали се од Чешка, Словачка, од Франција, Германија, биле апсолутно воодушевени од природната убавина. А кога французите кои се апсолутно заљубени во своите вина и винската историја на својата земја ќе Ви речат дека Сува Гора по многу што наликува на долината на Рона, тогаш навистина треба да поверувате дека ова место е навистина фасцинантно.
Токму ова место е инспирација и за името на првата линија на вина на винарската визба Милев „Гоце Делчев“ Тиквеш која под брендот Суво Горско пласира дел од своите најдобри вина кои можат да се најдат низ продажната мрежа по сите подобро снабдени маркети и винотеката лоцирана на улицата „Шишка“ бр.2 во Кавадарци.