Два златни медали за вината на „Стоби“ од „Вино Љубљана“

Белото вино Ркацители (2017) и црвеното Веритас (2015) на винарницата „Стоби” од Градско освоија златни медали на интернационалниот вински напревар „Вино Љубљана” што се одржа од 13 до 15 април во словенечката престолнина.
На натпреварот годинава учествуваа 425 вина од 23 земји, кои беа оценувани од 43 вински судии од 15 земји.
„Вино Љубљана” е еден од првите 10 најценети меѓународни натпревари во светот, кој се одржува веќе 60 години.
Златните медали за вината на „Стоби” се надоврзуваат на неодамна освоените златен и сребрен медал од пролетното дегустирање на меѓународниот натпревар „Мундус вини” во Германија, со кои беа наградени вината Аминта (2015) и Ркацители (2016).

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *