Виена – култура, уметност, историја и вино

Модерен град проткаен со многу култура, уметност и историја, Виена е град кој со години е на врвот на листата за наубави градови за живот во светот. Сè што денес ја симболизира Виена потекнува од владеењето на моќната династија Хабзбург. Моќната фамилија од австриската престолнина направи град на музика, во кој создаваа големи композитори како што се: Моцарт, Бетовен, Штраус. Виенската филхармонија е една од најпознатите во светот, а нејзиниот новогодишен концерт се одржува на 1 јануари, го пратат милиони на гледачи во целиот свет. Виена е и најпознат образовен центар. Во центарот на градот се наоѓа еден од најубавите булевари Ринг кој е изграден 1857 година на местото на средновековните ѕидини кои го штитеа градот. Исто така во самиот центар на градот се наоѓа Катедрала на Свети Стефан.

hellmer01
Сепак, постои една работа која е исто толку карактеристична за Виена, а не е дело на династијата Хабзбург, а тоа е виното. Виена е единствениот главен град во светот кој произведува значителни количества вино во границите на градот.
Историјата на производство на вино во Виена датира уште од 750 година пред нова ера. Според записите, првите лозови насади на територијата на градот ги подигнале Келтите и Илирите, за денес овој град да биде дом на над 1.700 хектари лозови насади и над 320 регистрирани винари.

0_9a9d979941
Жителите на Виена дефинитивно го сакаат своето вино, особено белите сорти на вино, како што се Grüner Veltliner, Rheinriesling и Weißburgunder. Се разбира, тоа не значи дека нема да можете да најдете и некои убави црвени.

Gruener-Veltliner-2015-Weinbau-Beranek-e1458144922975
Најдобар начин да уживате во локалното виенско вино е во heuriger (винска таверна), или со одење по Винска виновата патека, а дали ќе ги комбинирате со традиционална захер торта, моцарт кугли или виенска шницла, оставаме на Вас.
Автор: Душко Стефанов – Боемот

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *