Сте пробале ли тестенини во сос од вино?

Сигурни сме дека сте пробале тестенини во мал милион различни сосови, но дали некогаш сте пробале шпагети во сос од црвено вино.
За овој вкусен рецепт кој ќе им се допадне на сите оние кои знаат да уживаат во виното ни се потребни следните состојки:
3 чаши + ¼ чаша црвено вино „Сира“ на ВВМ „ГД-ТИКВЕШ“
3 чаши вода
400 грама тестенини букатини (слични се на шпагетите, само се подебели и со дупка на средината) или шпагети
2 до 3 лажици масло
1 ½ лажица ситно сечкан лук
½ мала лажичка црвена пипер по желба
1 лажица ситно сечкан црвен кромид по желба
¼ чаша сечкан магдонос
рендан пармезан
За декорација:
4 до 6 поширани јајца
Подготовка:
Во длабоко тенџере на оган се ставаат 3-те чаши вино и водата. Штом течноста зоврие, во тенџерето се ставаат букатините (шпагетите) да се варат. Во тенџерето се додава маслото, а температурата се намалува.
Букатините се варат за време од 8 минути или како што е наведено на пакувањето. Од течноста во која се вареа тестените се одвојува ½ чаша, а потоа се цедат.
Во големо тава, на умерена температура се ставаат 2 до 3 лажици масло да се загрее. Во тавата се додаваат лукот, кромидот и црвената пипер. Се запржуваат околу 1 минута.
Во тавата се додава 1/3 чаша црвено вино и претходно издвоената течност во која се вареа тестетните . Се остава течноста да зоврие за време од 1 минута.
Исцедените тестенини се ставаат во тавата со лукот и се мешаат додека целосно се покријат со сосот.
Готовите шпагети во црвено вино се сервираат во чинии. Се наросуваат со ситно сечкан магдонос, малку сечкан кромид и рендан пармезан. Во секоја чинија се става по едно поширано јајца.

Послужете со чаша врвно црвено суво вино „Сира“ од ВВМ „ГД-ТИКВЕШ“.

На здравје!!!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *