Неименуван колекционер на вина од Пекинг стана сопственик на едно од само осумнаесетте шишиња „есенциа“ на најпознатиот унгарски вински бренд, винаријата „Ројал Токаи“.
За реткиот примерок на ова вино богатиот кинез издвоил нешто повеќе од 40.000 долари, а интересот за останатите седумнаесет шишиња е огромен, што дополнително му ја зголемува цената на ова и така екстремно скапо вино.
Од винаријата “Ројал Токаји“, која е во сопственост на познатиот англиски енолог Хуго Џонсон високата цена ја оправдуваат преку трошоците за производство, но и ограниченото количество грозје.
Да се произведат две шишиња од тој сладок вински сируп, односно само 1,5 литри, потребни се околу 180 килограми грозје, а секој грозд мора да е набран со рака.
Виното има процент на алкохол од само два до четири отсто, а кога ќа дозрее, толку е густо, што обично се консумира во мали дози, па наместо во чаши, се сервира во кристални лажички.