Хрватските вина презентирани на новосадскиот вински салон

Покрај големото ривалство кое сеуште постои помеѓу Србите и Хрватите, популарноста на хрватските вина на српската винска сцена од ден на ден е се поголемо. После настапот на „Beowine“ и „Wine Style“ во Белград, 13 хрватски винарии, Медеа, Кутјево, Виноплод, Зиганте, Врбник, Илочки Подруми, Стина Вино, Деграси, Дингач Скарамуча, Плавац Мали и Феравино, ги презентираа своите вина на второто издание на новосадскиот вински салон кој вчера и денес се оддржа во хотелот „Парк“ во Нови Сад.
Причината за се поголемата присутност на хрватските вина е големиот потенцијал кој го има српскиот вински пазар. Само во 2018 година, Хрватска извезила вина во вкупна вредност од 16 милиони евра, од кои речиси еден милион во Србија, што е за 35 посто повеќе од извозот остварен во 2017 година.

Novosadski-salon-vina
Како и на претходните настапи, така и на винскиот салон во Нови Сад, промоцијата на хрватските вина беше поддржана од Хрватската господарска комора, која за проектот за промоција на хрватските вина доби грант од еден милион евра од Европската Унија.

 

Автор: Душко Стефанов

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *