Големите македонски играчи дел од второто издание на Новосадскиот вински салон

Во недостаток на претставниците од помалите винарии, вината на големите играчи „Тиквеш“, „Камник“, „Бовин“, „Далвина“ и „Стоби“ ја бранеа честта на македонската винска сцена на второто издане на новосадскиот вински салон кој изминатите два дена се оддржа во хотелот „Парк“.
Петте македонски винарии како веќе изградени брендови со долгогодишна традиција на произвдоство на врвни вина очекувано беа меѓу најатрактивните за присутната новосадската публика, но и претставници од винскиот бизнис и хореката од главниот град на Војводина.

DSC_6491
Вообичаено, македонските винарии кои беа дел од 90те излагачи на новосадскиот салон ги претставија своите новитети, но и веќе потврдените етикети кои и тоа како се препознатливи на српскиот пазар.
Покрај во изложбениот дел, огромно внимание имаше и за презентациите на Ивана Симјановска на тема „Големите македонски црвени вина“, додека Никола Кузмановски и Звонко Херцег зборуваа за „Моќта на тероарот на винаријата „Тиквеш“.

 

Автор: Душко Стефанов

31154087_161185117890485_2535128678669484032_n

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *