Винарската визба „Тиквеш“ како акредитиран испорачувач на обуки на престижната Лондонска школа за вино и жестоки пијалаци, Wine & Spirits Education Trust – WSET, ги најавува курсевите за почетници, вински ентузијасти, но и професионалци, на кои ќе можете да научите многу работи за виното.
Курсот WSET Level 1 Award in Wines е наменет за почетници, вински ентузијасти и за тие кои ја започнуваат својата нова кариера во винската индустрија, угостителството, туризмот и т.н. Ќе научите да го опишувате виното на лесен но структуриран начин преку видот, мирисот и вкусот, благодарејќи на систематскиот пристап кон дегустирањето, и ќе можете да ги идентификувате главните стилови на вино. До крајот на курсот, исто така, ќе ги сфатите клучните принципи на спарувањето храна и вино, служењето и чувањето на виното и ќе можете да ги применувате овие принципи во секојдневниот живот, како и на работното место.
Вториот курс WSET Level 2 Award in Wines and Spirits ќе трае три дена, и на истиот ќе се евалуираат преку 45 различни вина од разни познати светски региони, како и десетина основни групи на јаки алкохолни пијалоци.
Овој курс е наменет за винските ентузијасти и професионалците за вино и јаки алкохолни пијалоци, кои или немаат предзнаење или имаат основни познавања за вината и сортите грозје. Преку ова ниво ќе можат да се стекнат со основен но добро структуриран вовед во светот на вината и јаките алкохолни пијалаци. Преку овој активен и информативен курс, слушателите ќе ги истражат најважните сорти вино и значајните вински региони и ознаки што ги дефинираат главните стилови на вино.
Ќе научите за производството на вино и главните термини за етикетирање со цел лесно препознавање на вината и алкохолните пијалаци, како и за обезбедувањето основни совети за соодветната селекција и послужување на овие производи. По завршувањето на курсот, на лесен но прецизен начин ќе може и да го опишете виното, и тоа преку видот, мирисот и вкусот, благодарејќи на систематскиот пристап, а овие принципи ќе може и да ги применувате во секојдневниот живот и во работата. Во рамките на курсот има и основно запознавање со главните стилови на алкохолни пијалаци.
И за двата курсеви не се потребни претходни познавања. Курсевите ќе се одвиваат на англиски јазик, така што се препорачува добро познавање на англискиот јазик. За слушателите што никогаш претходно не изучувале вино и алкохолни пијалаци, полезно би било најпрвин да го завршат Level 1 Award in Wines, иако не е задолжително.
Доколку само сакате да научите повеќе за вината и не ви е потребен сертификат, не сте обврзани да полагате.
Курсот WSET Level 1 Award in Wines ќе се оддржи на 9 мај, додека WSET Level 2 Award in Wines and Spirits ќе се оддржи на 10, 11 и 12 мај. Истите ќе се оддржат во „М6 едукативниот центар“ во Скопје, а повеќе информации може да се добијат на: educator@tikves.com.mk