Новицки: Се напив вино прв пат после 10 години

По 21 година во НБА лигата, Дирк Новицки реши да стави крај на богатата кариера во која се закити со една МВП награда и една шампионска титула. Колку му значела кариерата на денес 40-годишниот  германец кој важи за еден од најдобрите европски кошаркари кои некогаш заиграле во САД потврува неговото признание дека цели десет години не пробал капка вино.

Минатата недела се опуштив и се напив чаша вино по апстиненција од десет години. Чувството беше прекрасно“, раскажа легендарниот Германец.

Освен во пиењето вино, Новицки вели дека ќе ужива во некои работи во кои не можеше додека беше активен играч, а потоа ќе се обиде да навлезе во тренерските води.

„За една или две години се гледам како тренер на некоја екипа. Би сакал да бидам ментор на младите кошаркари и да им покажам низ кои патишта поминав во мојата кариера.

Сега екс членот на Далас Маверикс во тековната сезона го надмина големиот Вилт Чембрлејн и се искачи на шестата позиција на вечната листа на стрелци во најсилната кошаркарска лига во светот.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *