Сопруга на братот на славниот Чарли Шин, но истовреме и супер успешна жена, тетовчанката Соња Магдевски го живее својот вински сон заедно со нејзиниот сопруг Емилио Естевез.
Соња која неколку години е дел од популарното американско актерско семејство живее во Малибу, Калифорнија. Но, и покрај тоа што е дел од фамилијата на Чарли Шин и многу блиску до најголемите филмски случувања, Соња е далеку од холивудскиот живот. Наместо тоа, Соња ужива во производството вино, а од пред некое време и на крафт пиво. Заедно со Естевез поседуваат неколку хектари лозови насади на кои што одгледуваат квалитетни сорти грозје. Сопственици се на винаријата „Каса Думез“ и на крафт пиварата „Бабис Бир Емпориум“. Посветеноста кон производството на вино и пиво ги рангираа винаријата и крафт пиварата како најбрзорастечките бизниси во Америка.
Емилио Естевез има една интересна анегдота со која раскажува колку тој и Соња се страствени љубители на виното. „На нашиот прв љубовен состанок јас копав дупки, а Соња ги поставуваше лозничките во нив“, вели Естевез.
Соња по професија е магистер по новинарство, а како хоби го работи блогот „Малибу“.
Во многу прилики славното семејство се дружи заедно со роднините на Соња од Македонија, а браќата Шин се големи обожаватели на македонска ракија и специјалитети. Тие дури и знаат по некоја пцовка на македонски. Емилио за разлика од Чарли Шин е многу смирен и фамилијарен човек и тоа е она што ја натерало Соња да се заљуби во него на снимањето на филмот „Боби“ во 2006 година. Емилио пред бракот со Соња, беше во брак со пејачката Пола Абдул, а кратко беше верен и со Деми Мур. Тој има две деца од Кари Сејли. А од 2006 година е во брак со Соња.
Според најавите Соња и Емилио планираат да го прошират својот бизнис и во Европа, вклучувајќи ја и Македонија.