На Крим повторно се произведува вино од античката сорта „херсонски“

Валериј Захарин повторно произведе вино од сортата „херсонски“, најстарата автохтона сорта во Крим.
„Повторно произведовме античко вино од сортата „херсонски“, која е најстарата откриена автохтона сорта во Крим, и од која се правело црвено вино уште во античко време“ – соопшти Захарин за руските медиуми.
Според зборовите на Захарин, лозови насади од оваа сорта биле откриени во околината на Херсонеса, денешна Корсуња. Винарот не ја исклучува можноста од оваа сорта на грозје да било произведено и виното со кое се причестил кнезот Владимир кога во 988 година го примил христијанството.
„Минатата година имавме принос од оваа сорта и прв пат од времето на Византија до сега е произведено вино од истата. Истовремено ја обновивме и античката технологија на производство на вино“ – вели Валериј.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *