Санторини крие винска тајна стара 400 години

Освен што е топ туристичка локација, особено за летниот период, Санторини е многу повеќе од тоа. Овој архипелаг на вулкански острови сместен во јужниот дел на Егејското море е многу повеќе од летна дестинација. Причина за тоа е долгата историја, археолошките наоѓалишта, интересната архитектура и се разбира, виното.

135153
Карактеристични за Санторини се вината направени од Ациртико. Овие вина се многу стари и се докажани како отпорни на филоксера, што се должи на локалните винари и од добро наводнетата вулканска почва и нивната хемија, поради што земјата немала потреба да се заменува за време на големата филоксеранска епидемија која се случила на почетокот на 20от век. Исто така уникатно за островот е и црвеното, слатко и многу јако Винсанто. Белите вина на островот се многу суви со силен мирис на цитрус, додека пепелавата вулканска почва му дава на белите вина некаков сулфурест вкус нешто сличен како оној на Винсанто. Сепак, приносите се минорни, и изнесуваат 10% до 20% од она што го добиваат на пример французите од нивните лозови насади.

156156
Се разбира, доколку саката да ја доживеете вистинската винска приказна на Санторини, морате да ја посетите винаријата G. Koutsoyannopoulos Winery – Wine Museum, која датира од 1600-та година и се наоѓа 8 метри под земја. Сместена е во природна карпа во дожина од 300-та метри, поврзана со подземни простории во кој се на неколку екрани можете да погледнете различни презентации за историјата на виното.

255451
Во историјата на оваа винарија проткаени се четиринаесет генерации на производители на вино, од нејзиниот почеток до денес.
За комплетно доживување се разбира не смеете а да не ги дегустирате најпознати вина кои што се произведуваат во оваа винарија, а целото задоволство ќе Ве чини само 10 евра.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *