Помеѓу многуте високи почести кои што беа приредени во чест на Папата Франциск, поглаварот на римокатоличката црква од своето патување во Скопје си замина и со колекција на поклони кои имаат исклучителна вредност.
Помеѓу нив е и специјалната едиција на винарската визба „Тиквеш“ која подготви вина со специјални етикети со ликот на неговата светост папата Франциск. За време на приемот што го организираше претседателот Ѓорѓe Иванов во резиденцијата на Водно, на папата Франциск и на сите кардинали и бискупи што беа дел од официјалната делегација им беа подарени вина од премиум колекцијата „Барово“, „Бела вода“ и „Домен Лепово“ што се дел од новата бренд платформа на ВВ „Тиквеш“ „Tikveš Chateaux & Domaines“.
За потсетување, на свечениот ручек во чест на Папата се служеа најдобрите вина од винаријата Стоби.