Пикник, фудбал, скара и Мерло на ВВМ „ГД-ТИКВЕШ“

Месец мај и почетокот на јуни ги носат можеби најубавите денови за пикник, исполнети со другарски фудбал, убава, македонска народна песна и мирис на месо и зеленчук приготвени на скара измешан со црвеното вино Мерло на ВВМ „ГД-ТИКВЕШ“.
Ова раскошно вино со овошен карактер, со полно тело и лесни танини се одликува со препознатливи ароми на зрела цреша, боровинка, капина и ванила.


Освен со месо на скара, идеално е и во комбинација со црвено месо, тестенини, печен компир, како и со хамбургери за оние кои сакаат брза храна.

Она што го прави посебно за овој период во годината е и неговата температура на послужување која е речиси идентична со надоврешната температура од 18 до 20 степени целзиусови.

Затоа, спремајте ја скарата, фудбалот и шишето Мерло и уживајте.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *