Општина Кавадарци ги започна подготовките за најважниот вински настан кој се случува во Македонија, стопанско-туристичката манифестација Тиквешкиот гроздобер. Годинашното издание на Тиквешкиот гроздобер ќе се оддржи од 6ти до 8ми септември, а освен традиционалното закројување на виновата лоза, винскиот карневал и останатите активности, во фокусот ќе бидат концертите на Јелена Розга кој е закажан за во сабота, како и на Здравко Чолиќ кој ќе го затвори годинешното издание на манифестацијата.
Со цел збогатување на манифестацијата со нови настани кои дополнително ќе го привлечат вниманието на гостите ќе допатуваат во Кавадарци, но и на кавадарчани, општина Кавадарци и годинава преку Јавен повик ги консултираше граѓаните кои имаа можност да достават идеи и предлози за подобрување на манифестацијата.
Како и минатата година, така и годинава Тиквешкиот гроздобер ќе се одвива под мотото Приказна под отворено небо.