Еленор Валтон стана интернет хит откако сподели како креативно се „справи“ со дамките од црвено вино на бел комбинезон.
Некој случајно истурил црвено вино врз Валтон додека русокосата девојка следела коњски трки со своите пријателки.
Наместо да се онерасположи и да си го уништи убавиот ден, Еленор со помош на својата пријателка Миа Вилијамсон го трансформирала својот аутфит.
Тие го полеале комбинезонот со уште неколку чаши вино, го исушиле, а Еленор продолжила да ужива во денот со своите пријателки.