Велигден е еден од најзначајните и најголемите христијански празници. Дознајте нешто повеќе за симболите кои го одбележуваат овој ден – зошто…
…баш јајца, зајчиња, јагне, вино?
1. Црковни ѕвона
Во најголем број земји во Европа, црквените ѕвона престануваат да ѕвонат на Велики Четврток. Тие мируваат во знак на сеќавање на Исусовата мака и смрт. Повторно почнуваат да ѕвонат на Велика Сабота како весели гласници на Исусовото Воскреснување.
2. Христијански крст
Симбол на христијанската вера. Исус бил прикован и умрел на крст, но третиот ден воскреснал.
3. Љиљан
Овој цвет потсетува на повторното Исусово оживување, воскреснување. Тој е воедно и симбол на чистота на Девицата Марија.
4. Цвеќе
Сончогледот, нарцисот и лалето се исто така Велигденски симболи. Цветаат во пролет и симболизираат будење на Исус од мртвите.
5. Јагне
Јагнето симболизира човек, затоа што Исус е претставен како Добар овчар кој пази на своите овци. Јагнето доаѓа на свет во пролет. Израелците ја користеле јагнешката крв за да ги спасат првороденчињата во Египет.
6. Зајак
Зајаците потсетуваат на пролет и нов живот. Тие биле омилени животни на пролетната божица Eastre.
7. Јајца
Тие се симбол на пролетта и на Велигден. Знак се за нов живот.
8. Пиленца
Тие излегуваат од јајцата и имаат иста симболика – нов живот.
9. Свеќи
Свеќите ја расветлваат темнината. Затоа на Исус се гледа како на вечно светло кое на христијаните им го покажува патот од смртта до животот.
10. Гранчиња од палма и маслинка
Се користат како симбол на мирот.
11. Лепче
Парче леб без квасец се јаде во знак на сеќавање на Исусовата жртва.
12. Црвено вино
Се пие во знак на пролеаната Исусова крв за човештвото.
И секако: Христос Воскресе!