Што благо да послужите за Велигден?

Наближува Велигден, а тоа подразбира големи подготовки. Не само декорирање на домот и боење на велигденските јајца, туку и подготовка на вкусни оброци и десерти инспирирани од овој празник.

3-deserti-sovrsheni-za-veligden-01.jpg

Неколку идеи што можете да направите овој Велигден:

Бомбици во форма на јајце

3-deserti-sovrsheni-za-veligden-1.jpg

Потребни состојки:

  • ½ шолја путер на собна температура
  • ¾ шолја кафеав шеќер
  • 2 шолји брашно
  • 2 лажички екстракт од ванила
  • 300ml кондензирано млеко
  • 1 шолја рендано чоколадо
  • Бело чоколадо и прехранбени бои за декорирање

Подготовка:

Во сад мешајте ги путерот и шеќерот додека не се соединат. Додадете ги екстрактот од ванила и брашното и продолжете со мешање.

Понатаму продолжете со додавање и на кондензираното млеко. Кога сите состојки ќе се соединат додадете го на смесата и ренданото чоколадо.

Од тестото формирајте мали топки од кои ќе направите овални форми на јајца. Преку ноќ замрзнете ги.

Наредниот ден стопете го белото чоколадо, одвојте делови и потоа на секој дел додадете различна прехранбена боја. Готовите колачиња потопете ги во белото чоколадо.

Од остатокот можете да нанесете и интересни линии. Оставете ги да се исушат.

3-deserti-sovrsheni-za-veligden-2.jpg
3-deserti-sovrsheni-za-veligden-3.jpg

Велигденски шарени мафини

3-deserti-sovrsheni-za-veligden4.jpg

Потребни состојки:

  • 4 јајца
  • 1 шолја растително масло
  • ¼ шолја млеко
  • 2 шолји шеќер
  • 2 шолји брашно
  • 1 лажичка сол
  • 2 лажички прашок за печиво
  • Шлаг пена
  • Прехранбена зелена боја
  • M&M бонбони или било кои други шарени бонбони

Подготовка:

Загрејте ја рерната на 180 степени и подгответе сад за печење на мафини.

Во голем зад ставете ги јајца, маслото и млекото и мешајте ги додека полека го ставате и шеќерот во смесата. Во истата полека додавајте ги и брашното, солта и прашокот за печиво сè додека не добиете добро соединета смеса.

Распоредете ја во малите вдлабнатини на садот и оставете да се пече 20 до 25 минути додека не забележите дека мафините нараснале и добиле златно-жолта боја.

На страна во сад изматете ја шлаг пената со малку млеко и боја. Откако ќе се оладат мафините, декорирајте ги со шлагот и бонбоните.

3-deserti-sovrsheni-za-veligden5.jpg

Велигденски чоколадни мафини

3-deserti-sovrsheni-za-veligden-6.jpg

Потребни состојки:

  • 4 јајца
  • 1 шолја растително масло
  • ¾  шолја млеко
  • 2 шолји шеќер
  • 2 шолји брашно
  • 1 лажичка сол
  • 2 лажички прашок за печиво
  • 1 шолја какао во прав
  • Шлаг крем од чоколадо
  • Бонбони за декорација по желба
  • Чоколадни трошки

Подготовка:

Начинот на подготвување е ист како и за претходните мафини, загревате рерна на 180 степени, ги мешате сите состојки додека не добиете компактна смеса и печете. Со таа разлика, тука додавате какао за неверојатен чоколаден вкус.

На крајот, откако ќе се оладат мафините, ги декорирате со шлагот, трошките и бонбоните.