Печено свинско месо во сос од бело вино

Гурманнски предизвик за свечен ручек или вечера со семејството! Ако сакате да го изненадите партнерот со вкусен рецепт ви предлагаме да го пробате печеното свинско месо во сос од бело вино.

Подготовката на овој рецепт е лесна, а печеното месо може да го послужите во комбинација со свежа салата, печени компири или ориз по желба.

Состојки:

  • 3 лажици екстра девствено маслиново масло
  • 2 чешниња лук
  • 750 грама свинска удина
  • сол
  • мелен црн пипер по потреба
  • 1 чаша свежо цеден сок од портокал
  • ½ чаша пилешки бујон
  • ½ чаша суво бело вино
  • 5 зрна црн пипер
  • 1 гранче рузмарин
  • 1 гранче оригано
  • 1 гранче магдонос и дополнително 2 лажици сечкани листови од магдонос.

Подготовка:

  1. Во длабок сад измешајте 2 лажици масло со лукот. Додајте го свинското месо, садот покријте го со капак и оставете го да стои за време од 1 час.
  2. Рерната пуштете ја да се загрева на 200 степени.
  3. Во тава на оган ставете го преостанато месо. Месото зачинете го со сол и мелен црн пипер и ставете го во тавата да се пропржи. Пржете го на средно висока температура додека добие кафеава боја за време од 4 минути. Потоа, месото свртете го да се пржи од другата страна.
  4. Штом месото се испржи од сте страни, во тавата додајте го сокот од портокал, пилешкиот бујон, виното, црниот пипер во зрно и зачините. Штом течноста започне да врие, тавата ставете ја во загреаната рерна и печете за време од 35 минути.
  5. Потоа, месото извадете го од тавата. Течноста ставете ја во тенџере и варете ја додека количината се намали на ½ чаша, за време од 15 минути. Сосот зачинете го со сол, мелен црн пипер и сечканиот магдонос.
  6. Печеното свинско месо исечете го на парчиња и послужете го со сосот.