Во Сан Франциско произведено првото синтетичко вино

Новоотворената винарија од Сан Франциско Ава, објави дека започнала со производство на синтетичко вино, кое што има ист вкус и мирис како и вистинското.

Во оваа винарија се пошегуваа дека буквално ја претвараат водата во вино или подетално имаат извонредна хемиска формула, со која успеваат да создадат извонреден производ, а притоа воопшто не употребуваат грозје.

Тие веќе направиле копии на најскапите вина во светот како Dom Perignon и Moscato d’Asti, а тврдат дека нема никаква разлика во квалитетот.

Добра работа околу овие синтетички вина е тоа што нивната цена се очекува да биде за неколку пати поевтина од оргиналите, што секако дека е и главниот адут на пазарот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *