Британските научници тврдат дека чоколадото и црвеното вино не само што се корисни, туку морате да ги вметнете во вашата секојдневна исхрана.
Ние се согласуваме со нив и откривме интересен начин како да ги комбинирате овие одлични производи во топол пијалак.
Потребни состојки за двајца:
1.5 шолја млеко
1 шолја црвено вино (по можност Cabernet Sauvignon)
1/3 шолја изрендано темно чоколадо
Слатка павлака за декорација
Подготовка:
Во сад ставете ги млекото и чоколадото и растопете ги додека не добиете совршено соединета смеса. Топете ги на средна температура.
Кога ќе добиете густо чоколадно млеко додадете го виното и продолжете да мешате.
Кога ќе забележите дека и виното е малку загреано, истурете го во две шолји.
Уживајте!