Дебармаалци со вино ја пречекаа и новата 2017 година

Дебармаалци традиционално, како и секоја година досега, на првојануарското утро пред култната кафеана „Идадија“ заиграа оро. Се дружеа со греана ракија, вино и песна и кршеа погача.
Со дружба и весела музика ја почнуваат годината за да си посакаат уште поубава, побериќетна и посреќна година од претходната. Дебармаалци важат за стари боеми, а новата боемска улица е само враќање на тој некогашен боемски дух и живот што го имал градот. Старите боеми биле многу важни градски луѓе, чија критика и збор имале големо влијание.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *