Гемиш на Кожувчанка, совршен избор за студените зимски денови

Компанијата „Кожувчанка“ ДОО од Кавадарци неодамна ја збогати својата палета на производи со производство на гемиш.

Гемиш е алкохолен, ароматизиран пијалак на база на вино. Добро познатата комбинација на Гемиш, сега за прв пат во Македонија е подостапна, идеално усовршена за вистинските уживатели на овој пијалак.
Традиционалниот, народен рецепт сега во амбалажа од 1L содржи: 50% суво трпезно црвено вино и 50% растителни екстракти од тропско овошје. За единствено уживање, соодносот на овие два пијалаци е создаден од високо квалификуваните технолози на реномираната компанија Кожувчанка од Кавадарци.
Веќе докажаната компанија Кожувчанка ДОО стои позади овој производ како гаранција на квалитет на Гемиш. Кожувчанка од Кавадарци е со 20 годишна традиција во производството на вода и сокови, а од неодамна и на пиво и вински производи.

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *