Статистиката вели дека настинуваме три пати годишно. Затоа променете ја исхраната и ојачајте го организмот.
Уредното варење е неизмерно важно за здравјето, бидејќи така ги исфрламе отровите од организмот. Затоа храната зачинете ја со ѓумбир, мед и бел лук и ќе направите многу за вашето здравје. На имуниот систем неопходно ми е оптимално внесување на протеини, масти и нормално витамини и минерали, особено сега во зима. Би требало да јадете салата од свеж зеленчук со секој оброк, а денот да го започнете со овошје.
Пијалоци кои лечат
Греано вино
Во случај на настинка, стоплете една чаша црвено вино со лимон и додадете малку мелен орев, цимет и шеќер.
Газирано
Идеално е за намалување на температурата. Доволно е да се напиете половина чаша газиран сок затоа што ги ублажува болките и го смирува воспалението.
Чај од суви смокви
Кашлате? Сувите смокви се богати со калиум, калциум, фосфор и антибиотска брашнеста материја.
Храна која лекува
Сос од домати со оригано
Доволно е на сосот од домат да му додадете оригано за да добиете здрав оброк кој е добар за системот за варење. Першун исто така можете да додадете во сосот бидејќи и тој е полн со витамини.
Шафран
Шафранот е богат со каротеноиди кои не дозволуват на слободните радикали да му штетат на одбранбениот механизам. Згответе 50 грама ориз и зачинете го со пармезам и масло и додадете пола шолја павлака која ќе ја измешате со половина кесичка шафран во прав.