Стоплете се со чај со вино

Каранфилчиња и варено вино се одлична комбинација за екстремно студените зимски денови.

Пробајте ги и поделете го искуството со нас.

Потребни состојки за 4 чаја:

500 ml вода
2 филтер вреќички чај од шипки
500 ml црно вино
4 коцки кафен шеќер
Лимон
Каранфилчиња
Подготовка:

Со врела вода прелијте ги филтер вреќичките од чај од шипки и по 5 минути извадете ги. Во жешкиот чај додајте го виното, лимонот исечен на тркалезни резанки и кафанфилчињата, па загрејте го (но не до вриење).

Послужете во огноотпорни чаши и во секоја ставете по една резанка лимон и по две каранфилчиња.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *