Станува збор за навистина отмен трик кој е познат од многу одамна. Но, тоа не значи дека поеднакво одговара за кое било вино и која било паричка.
Имено, истражувањето покажува дека пени (англиска паричка) искована пред 1982 година е направена во поголем дел од бакар, а не цинк. Бакарот реагира со тиолот (меркаптан) и помага тој да исчезне.
Меркаптанот е сулфурна состојка која понекогаш може да се најде во виното и е природен нус-производ на ферментацијата. Неговото влијание се засилува со некои техники на производство на вино.
Овие состојки се безопасни, но понекогаш го влошуваат вкусот на виното и го прават таканареченото „редуцирано“ вино. Во таков случај може и да не ви се допадне мирисот, но затоа ќе ви биде потребна бакарна паричка која ќе го отстрани тиолот од виното, а вие ќе уживате во него.