Кога се пие црвено вино, а кога бело? Зошто црвеното вино го нарекуваме црно? Дали годината на берба е навистина важна? На овие и на други основни прашања во врска со виното одговара познатиот енолог Санди Парис.
Не е потребно да бидете и вие експерти за вино, но мора да ги научите овие работи од општа култура за да не се посрамотите доколку, со чаша вино во раката, не знаете едноставни податоци за овој роматичен пијалак.
Со што се пие црвено, а со што бело вино?
Ова прашање си го поставуваат огромен број на луѓе кога подготвуваат свечен ручек или вечера. Онаа класична поделба е дека белата риба, како и белото месо, одат со бело вино. Од друга страна, сината риба и дрвеното месо одат со црно, односно со црвено вино.
Како правилно се нарекува – црно или црвено вино?
Никаде во светот ова прашање не се поставува, но на Балканот е малку поинаку. Како што објаснува Парис, како поим официјално постои само црвено вино.
Која е разликата помеѓу суво и полусуво вино, како и помеѓу слатко и полуслатко?
По правило постојат четири вида на вино: суво, полусуво, слатко и полуслатко вино. Оваа поделба се однесува на остатокот на неферментираниот шеќер. Сувото вино во устата не остава вкус на шеќер, за разлика од слаткото, кое остава чувство на слаткост и лепливост во устата.
– Сувото вино содржи од 0 до 4,5 грама неферментиран шеќер на еден литар, полусувото од 4,5 до 12 грама, полуслаткото од 12 до 50 грама, додека слаткото над 50, објаснува Парис.
Зошто е важна годината на берба?
При купување на вино, оние кои имаат познавање за овој пијалак обрнуваат внимание на годината на бербата затоа што знаат дека тоа е важен фактор.
– Категоријата „година на берба“ е многу важна. Секоја година носи нешто поинакво и тоа заради различните климатски услови кои владеат за време на таа година. Некогаш има повеќе сончеви денови, а некогаш поголеми количини на дожд, па сето тоа неизбежно влијае врз квалитетот на виното. Најдобра берба е онаа од година во која размерот на дожд и сонце и изедначен, објаснува енологот.
Која е разликата помеѓу шампањ и пенливо вино?
Најчесто сите пенливи вина ги нарекуваме со терминот шампањ, иако помеѓу овие два поими постои разлика. Како „шампањ“ дозволено е да се нарече само она вино кое е произведено во француската област Champagne. Интересен е фактот дека таквите пенливи вина се произведуваат и во другите делови на Франција, но истите не смеат да се нарекуваат така.