Без разлика дали сакате да уживате во чаша добра вино со пријателите или себеси се сметате за одличен познавач на виното, постојат неколку грешки што речиси секој љубител на овој пијалак ги прави. Одбегнувајте ги следниве 8 работи за да можете уште повеќе да уживате во виното…
1. Не пиете бело вино во зима
Лесно е да се поврзе белото вино со топлите сончеви денови. Но, нема причина зошто би требало овој вид вино да го одбегнувате во текот на зимските месеци. Има многу бели вина со богат вкус кои одлично одат со сета таа калорична храна што ја јадеме периодов и кои несомнено ќе ги задоволат вашите сетила.
2. Не купувајте вина во шишиња со капаче
Во минатото, шишето со капаче беше знак за евтино вино. Но, во денешно време, тапите полека излегуваат од употреба и наместо нив се произведуваат шишиња со капаче. Најдобро е да се држите до следново правило: Доколку купувате едноставни бели и црвени вина кои планирате да ги испиете побрзо, не плашете се да експериментирате со шишињата со капаче. Но, ако сакате да купите покомплексно и постаро вино, држете се до шишињата со тапа.
3. Не експериментирате
Истото што важи за експериментирањето со модниот стил и храната, важи и за виното. Многу е важно да дознаете кој е вкусот што го претпочитате, но не плашете се да пробувате и нови вина одвреме-навреме. Почнете со вина што се слични на вашето омилено и потоа полека почнете да ги проширувате вашите „вински“ хоризонти.
4. Погрешно ја држите чашата
Можеби ќе ви звучи малку препотентно, но навистина постои правилен начин на држење чаша за вино. Наместо да ја зграпчите чашата со целата ваша дланка, фатете ја дршката и сместете ја меѓу вашиот палец и показалец. Сигурно се прашувате каква врска има тоа, освен што ќе изгледате пософистицирано. Всушност начинот на држење на чашата игра голема улога кога станува збор за вкусот на виното. Виното ќе остане поладно подолго време без влијанието од топлината на вашата рака што ја пренесувате кога ја допирате чашата.
5. Не барате помош кога нарачувате
Решивте да излезете на вечера во ресторан и веднаш се исплашивте од изборот на вина што ви се понуди во менито, па се одлучивте за она што секогаш го пиете. Наредниот пат побарајте препорака од келнерот. Објаснете му какви вина претпочитате и до која цена би оделе. Ќе се изненадите од тоа какви прекрасни вина ќе откриете!
6. Пиете само црвено вино со месо, а бело со риба
Во ред е доколку се придржувате до ова правило, но постојат ситуации кога слободно можете да не го испочитувате. Кога станува збор за риба, имајте ја предвид нејзината подготовка. На пример, месестите риби со силен вкус како што се туна-тартар и димениот лосос одат одлично со лесно црвено вино. Освен тоа, постојат голем број бели вина кои слободно можете да ги комбинирате со месо, особено со свинско и пилешко. Препорака за денес: Пилешки стек со бело Бургунди или суво Ризлинг.
7. Го послужувате виното на погрешна температура
Во идеални услови, црвеното вино би требало да се служи на температура пониска од собната, на околу 20 степени Целзиусови. Белото вино треба да се служи ладно, на температура од 12 степени Целзиусови. Но, честопати црвеното се служи премногу топло, а белото премногу ладно. Ако вадите црвено вино од фрижидер или подрум, оставете го да поседи околу половина час на собна температура за да се стопли. И никако немојте да го оставате белото вино по цели денови во ладен фрижидер, бидејќи тоа ќе го ослаби неговиот вкус. Ставете го во фрижидер неколку часа и потоа послужете го.
8. Го оставате шишето отворено подолго време
Добро е да го оставите шишето вино подотворено некое време за да влезе воздух. Воздухот го омекнува танинот и го истакнува вкусот. Можете да ја извадите тапата, да ја вратите назад и да го оставите шишето да отстои така од 30 минути до 2 часа пред да го послужите. На тој начин ќе ги истакнете убавите карактеристики на виното и ќе можете вистински да уживате во неговиот вкус.