Лидерите на политичките сили во парламентот на Белгија отфрлија предлогот за укинување на бесплатните пиво и вино, понудени во зградата на законодавниот орган, соопшти интернет изданието EUobserver.
„Бесплатниот алкохол за пратениците беше воведен кон крајот на 90-тите години, за да не излегуваат од установата за време на дебатите“, пишува EUobserver.
Се претпоставува дека претседателот на парламентот им порачал на независни експерти да го проучат прашањето и да дадат предлози, откако имаше несогласување меѓу пратеници кои употребиле алкохол.
Комисијата препорача пратениците повеќе да не користат алкохолната привилегија.