Таравара, европски шмек во винска Австралија

Винариите сами по себе се секогаш доживување и незаборавно искуство. Меѓутоа, во последно време, не само по пробувањето на разни сорти вина, но исто така, винариите стануваат привлечни и по ентериерот и амбиентот во кои се вградени.

1
Една таква прекрасна винарија се наоѓа во Австралија, со име Tarrawarra за чиј проект е заслужна архитектката Керстин Томпсон.

2
Винаријата, всушност, се наоѓа во сутерен, а во неа се влегува преку голема порта која е вградена во еден вид на камена карпа.

6
Просторот во кој преовладуваат ладни тонови и многу модерни парчиња на мебел кои потсетуваат на минимализмот, го креираат трпезарискиот дел од зоната каде што винските буриња се одделени само со стаклен ѕид.

4
Со овој мудар потег, гостите дегустатори може да го гледаат циклусот на правењето вино, буквално од грозјето до чашата. Интересно е дека оваа визба во никој случај не одава впечаток дека тука се случуваат различни процеси на правењето на вино, поради тоа што е пред се, застапена елеганција и чистотата на просторот, а гостите, исто така, може да ѕирнат и низ прозорецот на винарската визба, каде погледот се протега на околните раскошни лозја. Инаку, Tarra Warra се наоѓа во Yarra Valley, регион во источниот дел на Мелбурн во Австралија.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *