„Тиквеш“ се врати дома

Седиштето на најголемата винарска визба  „Тиквеш“од Скопје се враќа во Кавадарци.

Ова денеска го соопштија градоначалникот на општина Кавадарци, Митко Јанчев и генералниот директор на ВВ „Тиквеш“- Радош Вукучевиќ.

-ВВ „Тиквеш“ е компанија од големо значење за општина Кавадарци, пред се поради големата соработка со лозаропроизводителите. Лозарството како најзначајна гранка во тиквешкиот регион заслужува и големо внимание. Речиси секое кавадаречко семејство поседува обработлива земја на која обработува винова лоза. Седиштето на компанијата подолг период е во Скопје, се до ден денеска. Со заеднички договор, со управниот одбор на ВВ „Тиквеш“, компанијата одлучи седиштето на компанијата да го врати во Кавадарци. Оваа одлука ќе влијае врз соработката на граѓаните на општина Кавадарци и лозаропроизводителите, истакна градоначалникот Јанчев.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *