На нешто помалку од еден месец од почетокот на годинешното издание на манифестацијата Тиквешки гроздобер 2018, организаторот, општина Кавадарци ја објави комплетната програма која носи неколку новини. Вообичаено, и годинава најголемиот број на коментари се околу изборот на музичките ѕвезди кои ќе ги забавуваат кавадарчани, но и нивните гости кои ќе бидат дел од „Приказната под отворено небо“.
Согласно предвиденото, гроздоберската програма ќе започне во петок, 7 септември, во 10 часот со меморијалниот турнир „Сестри Китеви“, а свеченото отворање на Тиквешкиот гроздобер 2018 е закажано точно на пладне, односно во 12 часот, во Домот на култура „Иван Мазов – Климе“ кога ќе биде промовирана и третата книга на авторот Душко Стефанов-Боемот, збирката на вински мисли “Буке“. Во 13 часот на улицата „Илинденска“ ќе се оддржи натпревар во коктели во вино, а на истото место, но час и пол подоцна, ќе започне трката на келнери. Во меѓувреме на градскиот плоштад до 15 часот ќе има презентација и дегустација на вина, а од 15 часот па се до 19 часот на Паркот на револуцијата (паркот наспроти полицијата) ќе се пее староградска песна. Спортската програма во првиот ден ја продолжуваат ветераните на градскиот ракометен клуб Тиквеш кои во 17 часот во спортската сала „Јасмин“ ќе одиграат ревијален натпревар со ветераните на ракометната репрезентација на Македонија. Од 18 часот е закажана Свечената седница на општина Кавадарци која се оддржува по повод Денот на ослободувањето на град Кавадарци. Музичката програма на градскиот плоштад започнува во 19 часот и 30 минути со настапите на SAF Sound system (DJ Гоце и Пикисипи) и DJ George, а продолжува со настапите на Слаткаристика и Криско.
Саботниот ден ќе започне со изложба на Old Timer возила, која по две годишна пауза, повторно се враќа во рамките на гроздоберската програма. Во 12 часот на кошаркарските терени при спортскиот центар „Јасмин“ ќе се оддржи турнир во улична кошарка надополнет со музичка програма и цртање графити, додека во 12 и 30 ќе започне мото рели по улицата „Илинденска“. Од 12 до 15 часот на Паркот на револуцијата ќе се оддржи традиционалниот турнир во табла, а во 13 часот и 30 минути низ централното градско подрачје ќе продефилираат велосипедистите од здружението „Тиквешки точакџии“. Пладневната програма од 15 до 19 часот ќе се оддржува во Паркот на револуцијата, а веќе од 19 часот и 30 минути ќе започнат музичките настани на градскиот плоштад, каде свои изведби ќе имаат фолклорниот ансамбл „Тиквеш“, Љубојна, Некст Тајм, Џамбо Агушев. Втората фестивалска вечер ќе заврши со настапите на DJ Sandy Rivera и DJ Mossel кои се предвидени да се оддржат на платото пред костурницата.
Последниот ден од годинашното издание на гроздоберот ќе започне во 11 часот со детска програма, во 12 часот и 45 минути ќе биде откинат првиот грозд и официјално означен стартот на големата берба, за 15 минути подоцна да започне и големото карневалско дефиле низ централните градски улици. По карневалот, забавата продолжува во Паркот на револуцијата и ќе трае се до 19 часот. Крајот на годинешното издание на манифестацијата „Тиквешки гроздобер“ ќе го означат концертите на Happy end бенд и балканската фолк ѕвезда Цеца.