Откупот е во тек и кај малите винарии

Откупот на грозје е во полн ек, а освен големите винарии, портите од своите капии ги отворија и малите винарии.

Според нив, откупот за сега се одвива без проблеми. Според нив, квалитетот на грозјето не е најдобар, што е очекувано поради врнежливото време во текот на годината, но и болестите .пламеница и ботритис, кои влијаеа на родот.
Цените се различни, па така килограм Шардоне се продава за 20 денари, Ризлинг за 19ден, додека пак Темјаниката по 27 денари.
И покрај тешкотиите со кои се соочуваат во текот на работата, винариите очекуваат оваа сезона да помине добро.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *