365 Classic, вина за секој ден од годината

Винарската визба Милев „ГД – ТИКВЕШ“ продолжува да го диктира темпото на македонската винска сцена. По ребрендирањето на комплетната „Вирго“ линија и промоцијата на виното „Сира“, „ГД-ТИКВЕШ“ во своето винско портфолио додаде уште три нови вина, црвено куве, бело куве и розе куве, обединети под комплетно нова линија, 365 Classic.
Она што е интересно за трите вина од линијата „365 Classic“ е спојот помеѓу типичните претставници на балканските вински сорти, вранец, жилавка и станушина, со сортите на грозје кои се карактеристични за подрачјата на Франција и Германија, како ризлингот, кабернет совињон и црн бургундец.
„Идеата за создавањето на „365 Classic“ е плод на детална анализа на пазарот и куповната моќ на потрошувачите. Факт е дека винската култура во Македонија од ден на ден е на се повисоко ниво, па сакавме на сите оние кои сакаат да уживаат во виното, да им понудиме одличен производ по супер достапна цена за да можат да си го дозволат секој ден од годината“ – рече Миле Милев, директор на винаријата Милев „ГД – ТИКВЕШ“.

_DSC0008_2
Трите вина од линијата „365 Classic“ се создадени од грозје одгледано на сопствените плантажи на винаријата, во исклучително контролирани средина и на специфичен тероар.

 

Црвеното куве е комбинација од сортите вранец и кабернет совињон, а секоја голтка го потенцира карактерот на сортите споени во едно живописно свежо вино полно со енергија.

_DSC0027_1

Белото куве пак е бленд од сортите ризлинг и жилавка. Ова елегантно бело куве ќе Ве освои со минералната текстура и хармонијата од вкусови која ја дава спојот на двете сорти грозје.

_DSC0024

„365 Classic“ линијата ја комплетира исклучителното розе куве. Направено од автохтоната станушина и црн бургундец ова свежо трпезно вино, меко на вкус, заокружено со овошен вкус кој трае е идеално за секоја пригода.

_DSC0023
Сите три вина кои доаѓаат во елегантно пакување и препознатлив дизајн веќе може да се најдат во продажната мрежа, пред се во винотеката на ВВМ „ГД – ТИКВЕШ“ и тоа по супер пристапна цена од само 150 денари.

_DSC0016_1

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *