Префинет изглед на апсолутниот „Фаворит“ помеѓу црвените вина

Моќниот „Фаворит“ на винарската визба „Милев“ доби сосема нов, префинет изглед, која во целост го обликува како едно од врвните вина кои ќе сакате да ги имате на Вашата трпеза.
Целиот редизајн кој вклучува сосема ново шише и етикета која ја отсликува внатрешноста на ова моќно суво црвено вино е дел од стратегијата на винаријата за комплетно ребрендирање на најголемиот дел од производствената линија.
Стилизираната болдирана црна буква која јасно асоцира на името на ова вино е во иста линија со гранат до темно гранат бојата на течноста, овошна на карактер која ја крие секое шише, додека правите обоени линии кои се сместени во горниот дел на буквата „F“ ги претставуваат танините со комплексна арома и вкус, прегрнати од шумско овошје, сушени плодови, чоколада, зелена пиперка, кедар и тутун.

_DSC0007_1
Виното „Фаворит“ се произведува од пет сорти на грозје, Каберне Совињон, Каберне Франк, Мерло, Вранец и Сирах, зреени на надморска височина од 310 до 480 метри на непрегледните плантажи со винова лоза на ВВМ „Гоце Делчев – Тиквеш“.
Новото пакување на „Фаворит“ е веќе достапно во винотеката на ВВМ „Гоце Делчев – Тиквеш“, а многу наскоро ќе може да се најде и во сите подобро снабдени маркети и ресторани низ земјата.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *