ЅВЕЗДА СЈАЈНА

Ќе се збогуваме ли, моја љубов нова,

ќе се разделиме со убав збор или не!?

Јас од радост што те сретнав ќе запеам,

а ти биди силна, ќе дојдам пак, чекај ме.

Ти си ми љубов, сон сонувам,

и тебе ти се поклонувам,

радост си моја во очите,

светло сонце во ноќите.

Ќе те запаметам,

на нова средба верност ќе ти ветам,

каде и да појдам,

на тебе со сето свое срце

во добро или лошо ќе се сетам.

Чувај ја оваа наша тајна мала.

А се почна така тивко, јас останав ист, а ти се претвори во ѕвезда сјајна.

Моклишки манастир Свети Никола, 25.03.2011 петок, 01:23 минути.