Се престорил Стојан, тој строен ерген млад,
во најубаво дрво, во багремов брат.
Ќе побара за жена самовила една,
ќе ја претвори во девојка за навека верна.
Поита тој пред првата зора кај старата кула
со наметка бела со кавал и фрула.
Ќе засвири Стојан песна од срце
кон небеска сила,
ќе дојдат крај кулата самовили две
со ангелски крилја.
И орото беше и песната од кавалот и фрулата сопре,
две самовили, а пуста ниедна до Стојан не допре. Ќе се памети долго таа песна на ергенот.
Париз, 7 мај 2012 година, понеделник, во 02:47 минути.