Знам дека така сакаш ти
моја клета судбино,
и за добро и во зло
да пијам вино црвено.
Знам дека така сакаш ти,
моја вечна невера,
јас сам во меана,
а ти на друг невеста.
За секој збор што го кажа неверо
јас дадов клетва да е проклето,
за секој поглед што го украде,
од моето срце дел ти продаде.
Зар секој убав миг го заборави,
серенади под стари прозори,
уште твои слики сонувам јас,
спомен песна, а немам глас.
Сега слушам абер праќаш,
сакаш назад да се враќаш,
црна жено грешка имаш,
цел свој живот ќе ја плаќаш.
Кавадарци, 11.11.1996 понеделник, 03:33 часот